Владата донесе протокол за реализирање на државната матура – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 8:00 PM

Владата донесе протокол за реализирање на државната матура

Владата денеска на 54-тата седница го донесе Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Протоколот за организирање и спроведување на државната матура е донесен по одобрувањето од Комисијата за заразни болести.

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат на 5 и 11 јуни, а покрај нив матурантите имаат и тестови по два интерни испита и проектна задача.