Се случува и во најдобрата кошаркарска лига: Класичен „хркљуш“ на мечот помеѓу Нагетс и Пејсерс – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 6:48 PM

Се случува и во најдобрата кошаркарска лига: Класичен „хркљуш“ на мечот помеѓу Нагетс и Пејсерс

Секвенца за заборав на дуелот помеѓу Индијана Пејсерс и Денвер Нагетс. НБА лигата како убедливо најдобро кошаркарско натпреварување во светот со години разгалува со неверојатна кошарка и фантастични потези кои мамат воздишки и притискање на „replay“ копчето повторно и повторно.

Но, понекогаш и актерите на паркетот знаат да влезат во некаква „црна серија“ и да покажат дека и тие се само луѓе. Нагетси предводени од Никола Јокиќ кој постигна 32 поени, ги поразија Пејсерси со 121:106 и продолжија цврсто да „газат“ на Западот.

 

Една минута налик оние „терминот во сала со другари“ по новогодишни празници.