Без оглед на тоа дали сте се разбудиле чувствувајќи се уморно или пак, имате попладневен умор, ќе ве израдува веста дека постојат намирници кои се лесно достапни, а кои може да придонесат да имате подобра енергија. Всушност, се работи за намирници кои се богати со растителни влакна, поради што се варат побавно и придонесуваат за стабилно одржување на нивото на шеќер во крвта.
Сладок компир
Слаткиот компир е популарен насекаде низ светот. Богат е со влакна, но и со витамин А, магнезиум, железо и калиум. Тој има прекрасен вкус и не содржи шеќер.
Путер од кикирики и банана
Овие две намирници се совршен избор доколку имате недостиг на енергија. Бананата е богата со калиум, а во комбинација со путер со кикирики помага за подобра енергија.
Пуканки
Пуканките имаат малку калории, тие се добар извор на антиоксиданси и ја задоволуваат дневната потреба за енергија.
Извор: index.hr