Цеца е мојот сон – Слоба Радановиќ си ја отвори душата – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 3:14 PM

Цеца е мојот сон – Слоба Радановиќ си ја отвори душата

Пејачот Слоба Радановиќ вели дека со години една од најголемите желби му е да сними дуетска песна со неговата колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тој тврди дека сонувал да соработува со фолк ѕвездата уште пред тој да започне да се натпреварува во „Пинкови ѕвезди“, каде таа го пофали неговото пеење уште  во првиот круг.

– Кога луѓето ќе ме прашаат со кого би сакал да снимам дуетска песна, јас секогаш го давам истиот одговор. Се разбира тоа е Цеца. Реков дека тоа е мојот голем сон. Се сеќавам на секој коментар што ми го даде во музичкото шоу.Некако отсекогаш била искрена и професионална кога станува збор за коментирање. Подготвена да слуша и да дава совети, да охрабрува и тоа им помага на натпреварувачите кои се на сцена. Подоцна, имав можност да пеам на нејзиниот концерт. Таа покана беше само показател за мене дека и таа ја почитува мојата работа – рече Слоба во интервју за списанието „Скандал.рс“

 

Извор: Србијаданас.рс