Генералниот директор на ЕМА, Емер Кук, изјави денес оти нема индикации дека формирање на опасни згрутчувања во крвта кај некои луѓе кои примиле вакцина за коронавирус од компанијата АстраЗенека, биле предизвикани од вакцината.
Кук изјави дека Европската агенција за лекови (ЕМА) е „цврсто убедена“ дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат ризиците, но дека во тек е испитување.
ЕМА во четврток ќе издаде препорака за безбедноста на вакцината АстраЗенека, пренесува Бета.
Неколку европски земји ја суспендираа употребата на вакцината, иако британско-шведската компанија АстраЗенека и регулаторните агенции тврдат дека нема докази оти несаканите ефекти се последици од вакцината.
politika.rs