На штотуку завршената Премиер лига што се одржа од 12-14 март 2021 година во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца Боби Војдиновски е избран од страна на WKF во финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои 15 ќе судат на Олимписките игри во Токио. За ова денеска информираше Карате федерацијата на Македонија, од каде потсетуваат дека Војдиновски е долгогодишен носител на WKF светската лиценца.
Тој има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, европските игри и Премиер лиги и евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера.
Ова е уште едно големо признание на Карате федерацијата на Македонија, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер лигата во Истанбул, се додава во писменото соопштение.