Иако оралната хигиена е клучна за свеж здив, постојат намирници кои дополнително може да ви помогнат. Стоматологот Дејвид Митола од Њујорк открива за кои намирници станува збор:
Јаболко
Јаболкото помага во отстранувањето на бактериите, но и на остатоците од храна кои знаат да се заглават меѓу забите – вели стоматологот. Јаболкото содржи и антиоксиданси кои се познат како полифеноли и кои може да го намалат производството на соединенија што предизвикуваат лош здив, додава тој.
Зелен лиснат зеленчук
За да го задржите свежиот звид, треба почесто да јадете различни салати.
Зелениот лиснат зеленчук содржи клорофил, природен дезодоризатор кој ги неутрализира лошите мириси , објаснува д-р Митола.
Според него, ваквиот тип зеленчук помага да се урамнотежи нивото на пХ, одржувајќи ја внатрешноста на устата помалку кисела, додека покиселата средина доведува до сувост на устата и лош здив.
Магдонос, босилек и нане
Постојат здравствени причини поради кои се тврди дека магдоносот, босилекот и нането влијаат на свежината на здивот.
Тие содржат ензими кои помагаат во неутрализирањето на мирисите. – посочува Митола.
Ѓумбир
Иако ѓумбирот е познат како природен лек за проблеми со желудникот, тој исто така помага и во борбата против непријатниот здив.
Пробиотски јогурт
Пробиотскиот јогурт нуди многу придобивки, а на таквата листа сега може да се додаде и свежиот здив. Имено, пробиотскиот јогурт содржи и бактерии кои помагаат во борбата против другите бактерии во устата, кои всушност предизвикуваат лош здив.
Семе од анасон
Семето од анасон со генерации се користи во Индија во борбата против непријатниот здив. Всушност, џвакањето на ова семе може да го зајакне производството на плунка и да помогне во исфрлање на бактериите кои предизвикуваат лош здив, пренесува Livestrong.
Извор: index.hr