На Федерер не му се оди без жена на Олимпијада – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 1:34 PM

На Федерер не му се оди без жена на Олимпијада

Роже Федерер се врати на терен после една година, но јасно е дека е далеку од својата најдобра форма и затоа беше елиминиран во второто коло на турнирот во Доха.
Поради дополнителните време за заздравување тој одлучи да се повлече од турнирите во Дубаи и Монте Карло, а сега стигнаа најави дека тој размислува да се откаже и од најважниот тениски настан во 2021 година.
Швајцарецот според пишувањето на “Блик“ би можел да ги пропушти игрите и во Токио посебно ако биде донесено правилото кое не му е од корист. Тој не сака ни случајно да биде одвоен од семејството на неколку недели, а развојот на настаните со пандемијата оди натаму. Организаторите на Летните олимпикски игри во Токио планираат да не дозволат престој на семејствата на спортистите во олимпиското село поради мерките за заштита од коронавирусот.
Таа одлука ќе биде донесена во следните недели додека се уште не е извесно дали ќе има воопшто и фанови во Токио затоа што бројките со новозаразени навестуваат дека Игрите ќе се одржат без публика.
Во сличај ИОК да одлучо спортистите да не смеат да дојдат со своите семејства, најверојатно Федерер ќе се повлече од турнирот затоа што сака да биде со сопругата Мирка и со своите четири деца. Поради семејството тој не настапи ниту на Австралија Опен.
Федерер има едно злато од Олимписките игри, но во двојки, додека во сингл освои сребро во 2012 и ова му е сигурно последна прилика да дојде до злато.
ЛОИ во Пекинг ќе се одржуваат од 23 јули до 8 август.