Платформата на родова еднаквост бара од Министерството за здравство со остра реакција за изјавата на Лекарската комора дека во случајот на Јилдиз Веаповска нема никаква грешка.
Лекарската комора по стручниот надзор излезе со информација дека нема лекарска грешка, додека Патологија дека органите се здрави. Обидувајќи се да ги објасни контрадикторностите во извештаите заменик претседателот на ЛКМ, д-р Бесими за „Утрински брифинг“ рече:
-Ивештајот од Патологија, кој вика дека органите се здрави извадени, не може да ја утврди состојбата на пациентот, бидејки пациентот е жива особа , која се движи, си живее најнормален живот, со новата состојба. Мора да се направи дистинкција мегу стручен наод, таму не бил инволвиран само д-р Асани, туку и други лекари. ЛКМ ги интервјуирала сите лекари, целиот медицински тим, кој бил инволвиран, но мора да се направи една битна дистинкција. Стручниот надзор не е судско вештачење. Ние правиме стручен надзор во смисла на оценување на стручноста, односно уролошкиот дел го направил уролог, хируршкиот – хирург и гинеколошкиои – гинеколог. Ние како лекари би биле најсреќни во светот доколку би имале таква можност да ги превенираме компликациите. Тој што ќе го достигне тоа ќе биде најпознатиот лекар во цел свет. Појавувањето на компликации е проблем на светското здравје. Тука се прави некое погрешно толкување на факти и јавноста се доведува во заблуда, вели д-р Бесими.
Дебарчанката мината недела дојде на Институтот за патологија во Скопје за да земе примероци од трите органи, бубрегот, јајникот и матката, што и беа извадени при породување во болницата во Струга, односно парифинските калапи од извадните органи за дополнителни вештачања. Според извештајот од Патологија, органите на Веапоска што и биле извадени се здрави, па сега, таа ќе ги носи во други институции за второ мислење, но и за утврдување на ДНК.
-Да, ги земав примероците од органите и сега ќе ги носам на друго место, на второ мислење, за да се утврди ДНК, па потоа во странство. За носење на органите на судска медицина треба Јавното обвинителство да покрене постапка. Вештачењето чини некаде околу 2.000 евра и доколку овој месец Јавно обвинителство не покрене постапка, тогаш со адвокатот сами ќе побараме. Да сега ќе ги носиме органите на друго место, но нема да кажам каде. Сакам да ги споредат, сакам да имам второ мислење, а потоа и во странство. Јас реков дека нема да ја оставам вака работата, вештачење на органите и целата документација, вели Јилдз.
Додека Јилдиз Веаповска ќе ја открива вистината по други институции, платформата бара итно решавање на случајот, исто така Платформата бара да се објават имињата на лекарите кои биле дел од Комисијата. Исто така да се објасни по кои причини се отстранети органите. Да се утврди одговорност на Лекарската комора поради непрофесионално работење и
штитење на здравствен работник кој работи нелегално;
– Министерството за здравство да преземе одговорност во врска со случајот и да го испита случајот преку дополнителна внатрешна истрага која ќе биде непристрасна и политички неутрална со цел да ја информира јавноста за она што се случило;
– Спроведување на детална истрага во врска со наведените искази за постапувањето во
нерегистрираната ординација на докторот Мухамед Асани, негово разрешување од
позицијата директор на болницата и забрана за извршување на лекарската дејност сѐ
додека случајот не добие судска разрешница;
– Јавното обвинителство да спроведе темелна истрага, да ги утврди пропустите и да побара одговорност за понудената здравствена заштита на пациентката во периодот пред
породувањето, текот на породувањето и постпарталната грижа.