Во Јапонија 52 лета се откажани поради приближувањето на тајфунот Џондари, јави јапонската телевизија.
Тропската бура се очекува да достигне голем замав вечерва, а најмногу да ги погоди областите покрај Токио и големите градови Нагоја и Осака во централниот и западниот дел од главниот јапонски остров Хоншу. Откажани се и бродови долж североисточниот брег на Јапонија и Токискиот залив.
Поради тајфунот кој се приближува до неколку области на Токио, Тиба и Канагава се предупредени за можна евакуација.
Според јапонската метеоролошка служба, брзината на ветерот во епицентарот на тропската бура е 40 метри во секунда.
На почетокот на месецот во Јапонија имаше поројни дождови поради тајфунот Прапирун, што предизвика свлечишта и поплави. Како резултат на тоа, повеќе од 225 лица загинаа, а штетата изнесуваше повеќе од 76,7 милијарди јени (околу 660 милиони долари).
Извор: МИА