За 400 евра , но фалсификувани, го продал својот мобилен телефон дваесет и едногодишен штипјанец. Телефонот го огласил на продажба на интернет. Дека еврата се фалсификувани се посомневала неговата мајка, што подоцна се докажало и при проверката во менувачница. Веднаш пријавиле во Полиција.
„На 15.03.2021 во 14.15 часот во СВР Штип, М.Д.(21) од Штип пријавил дека едно лице купило мобилен телефон од него со фалсификувани евра. Според пријавеното, тој го огласил телефонот на интернет страница и на 10.03.2021 му се јавило машко лице, кое се претставило дека е од Скопје, по што се договориле за купопродажба на телефонот. Исто така, според пријавеното, наредниот ден се сретнале и лицето му дало 4 банкноти во апоени од по 100 евра, а откако ги однел парите дома неговата мајка се посомневала дека се фалсификувани, а на 15.03.2021 во менувачница и потврдиле дека парите се фалсификувани,“информираат од Полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.