Ако припаѓате на група на луѓе кои апсолутно не сакаат пеглање, рецептот и видеото подоле ќе ве воодушеви.
За оние кои сакаат пеглање, ќе биде интересно да видат како можат да „пеглаат“ без пегла.
Самата помисла дека стутканото парче облека може брзо да се поправи е прилично фасцинантна.
Корисничката на социјалната мрежа Тик Ток сподели одличен трик со кој ја коригираше стутканата облека, без да користи пегла и даска за пеглање.
За ова и беа потребни само три состојки.
Состојките се многу едноставни и сите ги имаме дома. Потребни се две чаши вода, една лажица алкохолен оцет и за омекнување, регенератор за коса.
Потребно ви е шише со спреј каде што ќе ги ставите сите состојки и ќе протресете.
Попрскајте ја гардеробата, исправете и почекајте пет минути да се исуши.
Таа покажа како изгледа стуткана кошула пред да го употреби спрејот, а откако го нанесе спрејот, со рацете малку ја исправи облеката, а потоа го подигна и покажа како изгледа по оваа постапка. На овој начин таа доби целосно исправена кошула за само неколку минути.
Извор и фото: Курир.рс
@mama_mila_Love a no-iron hack – and this one smells amazing 🙌 ##lifehack ##homehack ##wardrobetips ##cleanwithme