Секое утро будете се во исто време, независно дали сте на работа или не, но и независно од тоа во колку часот сте заспале претходната вечер. Тоа е одлично за психофизичкото здравје – советуваат експертите.
Добро е да се имаат рутини, особено такви кои се надоврзуваат на утринското будење со цел денот да го почнете со подобра енергија, а во таквите рутини би можеле да се вбројат туширањето и медитацијата.
Луѓето кои се будат во исто време се посреќни
Времето во кое се будите секое утро е можеби подеднакво важно како и времето на заспивање во вечерните часови – покажува истражувањето спроведено на повеќе од илјада луѓе од страна на веб порталот “Mattress Inquirer”.
Луѓето кои строго се будат во исто време, се позадоволни од сите аспекти во животот за разлика од оние кои некогаш се будат порано, а некогаш подоцна во текот на денот и ја немаат таквата рутина.
Оние кои имаат навика да се будат во исто време се за 13 проценти посреќни со својот личен живот, за 45 проценти се позадоволни со финансиската ситуација и за 42 проценти се поисполнети со работата која ја работат. Всушност, тие изјавиле дека животот им е прилично избалансиран – стои во истражувањето.
Рутината е нешто што им делува пријатно на луѓето бидејќи дава чувство на сигурност, тоа е ритуал на кој можат да се потпрат, односно е нешто предвидливо и познато. Прекинувањето на таквата рутина кај некои луѓе, може да влијае лошо. Секојдневното будење во исто време исто така, овозможува поголема продуктивност во текот на денот. Некои истражувања укажуваат дека будењето во исто време може да биде клучот за врвна продуктивност, што објаснува зошто оние кои ја имаат оваа навика се позадоволни со својата финансиска и деловна ситуација.
Неправилниот распоред на спиење и будење може да му наштети на организмот, односно да влијае на зголемување на телесните маснотии и зголемен ризик за дијабетес. Исто така, тоа не е добро ни з аменталното здраје. Телото се навикнува на нашите рутини, па затоа подобро е и во текот на викендите да се будите во исто време како и во работните денови, а времето да го искористите за да правите нешто што ви причинува задоволство.
Извор: b92.net