Семејството Илиќ од Маkедонац, село кај Медвеѓа, веќе петти месец чува прасе од дива свиња кое било пронајдено при лов. Пепа, како што го именувале, стана вистинска атракција и одлично домашно милениче, кое особено го сакаат децата. Не го сакаат само ловечките кучиња, кои, поради Пепа, мора да бидат затворени во бокс, објавува РТС.
Петмесечната Пепа е вистинска атракција во селото зашто таков домашен миленик нема никој. Синот на Сава Илиќ ја пронајде при лов. Како и секое друго прасе, сака да се гали.
„Да речеме, одам во мелницата, па по цел ден е со мене таму. Но и во ливадата, на нивата. Кој и да помине се чуди – дали е можно дива свиња да се припитоми. А, може. Јас велам – полесно е да се припитоми дива свиња од човек зашто човек кога здивее никогаш нема да се припитоми“, шеговито раскажува Саво Илиќ.
Пепа многу не барала. Се храни како и секое друго домашно прасе.
Во семејството велат дека ќе ја чуваат Пепа и кога ќе порасне. Би сакале да припитомат и срнче и волче, но тоа ќе зависи од ловечката среќа“.