Виетнам ја добри првата пратка Спутник Ви, подарок од Русија – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 10:57 AM

Виетнам ја добри првата пратка Спутник Ви, подарок од Русија

Првата пратка со руската вакцина Спутник Ви, пристигна во Виетнам. Вакцините се испорачани бесплатно во текот на посетата на секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.

Тој е во дводневна посета на Ханој и се очекува да разговара со тамошните официјални претставници за безбедноста. Според одлуката на рускиот претседател, Владимир Путин вакцините се доставени до Виетнам со неговиот авион IL-96.

Вакцината Спутник Ви која ја произведува Научно истражувачкиот центар Гамалеја во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

 

Извор:   rs-lat.sputniknews.com