Заострување на мерките: Србија до понеделник во карантин – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 10:03 AM

Заострување на мерките: Србија до понеделник во карантин

Во Србија од утре до понеделник се воведуваат мерките кои важеа само за викенд, односно нема да работи ништо освен продавниците за прехранбени артикли и аптеките, како и бензинските пумпи само за точење на гориво, пренесуваат белградските медиуми.

„Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот. Потребно е дополнително да се забави животот за да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е поддршка за здравствените работници“, рече Брнабиќ.

Таа потенцира дека медицинскиот дел на Кризниот штаб барал мерките да траат 14 дана, но најдено е компромисно решение да траат пет дена, односно од утре до понеделник.

„Дали тие ќе се продолжат од понеделник натаму, ќе зависи од сите нас. Апелирам на максимална дисциплина, разбирање на ситуацијата во која се наоѓа нашиот здравствен сектор“, рече Брнабиќ која додаде дека многу долго и на повисок тон е разговарано за новите мер