Иако повеќе европски земји донесоа одлука за да запре вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека, австрискиот национален вакцинален совет препорачува понатамошно користење на оваа вакцина. Националниот совет за вакцинација, и покрај привремената препорака за продолжување на користењето на вакцината на АстраЗенека, истакнува дека недостигаат податоци врз основа на кои би била донесена конечна одлука.
Австрија критички ги следи одлуките на некои членки на ЕУ за запирање на примената на оваа вакцина. Министерот за здравство, Рудолф Аншобер во врска со тоа побара што е можно побргу да дознае кој е ставот на надлежните европски власти за заедничко европско делување.
-Кај вакцинацијата се согласивме за заедничко европско делување. Националното солидализирање поради тоа не е ефективно, ниту придонесува за создавање доверба – нагласи Аншобер.
Според него, таквите далекусежни одлуки може да бидат донесени на основа на јасни факти, а во моментот нема никаков доказ за поврзаност на вакцината на АстраЗенека со некои здравствени инциденти.
Уште 500 илјади дози за САД
АстраЗенека соопшти дека договорила на САД да им испорача до половина милион дополнителни дози поради експерименталниот комбиниран третман на ковид-19 врз основа на антитела. Како што пренесе Ројтерс, договорот е во вредност од 205 милиони долари.
Британскиот производител на лекови и американските владини агенции првично договорија испорака на двесте илјади дози, а оваа нова количина го зголемува вкупниот обем на 700 илјади дози во вредност од 726 милиони.
Астра Зенека соопшти дека нивниот третман против ковид-19 претставува комбинација на два моноклонски антитела, но ваквиот третман се уште не е одобрен за употреба во САД и новиот договор ќе зависи од одобрението на Американската управа за храна и лекови.
Извор: blic.rs