Во западните делови променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови каде ќе досигнува брзина и над 65 км/час. Утринските температури од минус пет до шест, а дневните од два до 12 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. В среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.