Премиерката на Нов Зеланд: Светот треба да зборува за расизмот – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/21 12:07 AM

Премиерката на Нов Зеланд: Светот треба да зборува за расизмот

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, истакна дека муслиманската заедница во земјата и пред нападот во Крајстчрч се соочила со расизмот и дека светот треба да зборува за расизмот и за надмоќноста на белците, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на весникот „Стрејт тајмс“, Ардерн дала изјава по повод 2-годишнината од терористичкиот напад извршен врз муслиманите во џамиите „Нур“ и „Линвуд“ во подрачјето на Крајстчрч во Нов Зеланд.

„Припадниците на нашата муслиманска заедница и пред нападот врз нивната заедница се соочуваа со страшен расизам“, нагласи Ардерн.

Таа рече дека светот треба да зборува за расизмот и за надмоќноста на белците.

Ардерн истакна дека светските лидери имаат одговорност поради тоа што во секое место може да го кренат својот глас.

„Земјите треба да го земат предвид тоа“, нагласи таа.

На 15 март 2019 година беше извршен вооружен напад во Крајстчрч, при што беа убиени 51 лице од страна на терористот Тарант, а повредени беа 49 лица.

Тарант во август 2020 година доби доживотна затворска казна.