Љубовта кон омилениот тим не познава граници. Мал милион пати сме биле сведоци на она „фудбалот е повеќе од игра“. Последниот пример отелотворен во пракса на оваа фраза ни доаѓа од Косово. Брачен пар, очигледно заљубен во англискиот клуб Арсенал, ги именувал своите две деца по името на клубот од северен Лондон.
Машкото дете гордо го носи целосното име, Арсенал, додека пак женското дете се вика Арсена.
Интересно ќе биде доколку во иднина децата се одлучат да навиваат за Тотенхем или Челзи, но веројатно тоа е пресметан ризик од родителите, нели?
Извор:
Twitter / @kosovanfooty_EN
Фото:
Twitter / @kosovanfooty_EN