Еден Хазард повторно повреден – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 7:30 PM

Еден Хазард повторно повреден

Трансферот од соништата на белгискиот репрезентативец од Челзи во Реал Мадрид се претвори во кошмар.

Фортуната во однос на повредите што го следеше низ кариерата во Лил и Челзи, во дресот на „кралевите“ целосно го напушти.

Напаѓачот на мадриѓани има повеќе повреди за тимот предводен од Зинедин Зидан, со последната вкупно единаесет, отколку погодоци во Примера, вкупно девет. Кога се чинеше дека Хазард конечно ќе почне да го покажува она за кое беше платен – мускулна повреда. Уште една во низа. Претходната го втурна Белгиецот во депресија, по која мораше да реагира и предводникот на Реал Мадрид и да го пушти дома со семејството.

Хазард доби 15 минути викендов против Елче во дуелот од Примера, прв настап за „кралевите“ од јануари, но краткото „камео“ скапо го чинеше. Според шпанските медиуми, тој ќе биде оддалечен од терените четири до шест недели.

Покрај мечевите во домашното првенство, се очекува Хазард да го пропушти и реванш двобојот од 1/8 финалето од Лигата на Шампионите против италијанска Аталанта.