На Фарските острови веќе нема корона – како тоа им успеа? – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 8:31 PM

На Фарските острови веќе нема корона – како тоа им успеа?

Во многу ширум светот изминатите денови повторно расте бројот на новозаразени со коронавирус. Фарските острови пак тврдат дека таму веќе нема корона. Како тоа им успеа?

23 новозаразени. Тоа било состојбата на 23 август 2020 година. Никогаш порано и подоцна овие острови на Северен Атлантик немале повеќе нови случаи на корона во еден ден. Неколку месеци подоцна, во текот на декември, бројките експлодирале – до 19 случаи на ден. И тоа било тоа што се однесува на вирусот.

Од 26.февруари оваа година сите 18 Фарски острови и официјално немаат корона, пишува Дојче веле.

Како? На Фарските острови кои официјално се дел од Клаството Данска, но уживаат голема автономија, живеат околу 50.000 луѓе. Главно од риболов, туризам и одгледување овци. Фарски острови во превод всушност значи – Овчји острови.

Островите се сместени на Северен Атлантик, од прилика на половина пат меѓу Шкотска и Исланд. Релативната изолација е првата важна состојка за рецептот благодарение како успеваат да извлечат крај со пандемијата. Ова е особено значајно кога ќе се спореди сонекои други, значително поголеми островски држави, на пример, Нов Зеланд, која во меѓувреме исто така е без корона.

На Фарските острови се стигнува само преку траект – пристаниште во главниот град Торшавн односно преку аеродромот во градот Вагар, а преку него стигнуваат и поголемиот број новодојденци. Тоа на крајот дава можност за контрола на влез на луѓето на островите.

Извор: Индекс.хр

Фото: Дојче веле