Директор на фудбалски тим од Охрид физички нападнал играч од спротивната екипа – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 5:17 PM

Директор на фудбалски тим од Охрид физички нападнал играч од спротивната екипа

Во СВР Охрид, вчера во 16.20 часот било пријавено дека во Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, по завршување на фудбалски натпревар од третата езерска регионална лига, А.М.(51) од Охрид-директор на фудбалскиот тим од Охрид физички го нападнал Р.Р.(26), играч од фудбалскиот тим од струшкото село Долна Белица, соопштија од МВР.

Пo целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.