Тетовци осетливи на променливото време – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/18 1:52 PM

Тетовци осетливи на променливото време

Вирози, гастроинтестинални тегоби се најчестите здравствени потешкотии со кои се соочуваа хронично болните лица поради наглите промени на времето. Докторите препорачуваа граѓаните да пијат повеќе течности, да внесуваат витамини, но и повеќе да се одмораат и рекреираат.

Во тетовската болница се почесто се јавуваат пациенти со здравствени проблеми, предизвикани од наглите промени на времето. Најпогодени се хронично болните лица, кај кои се јавуваат вирози и гастроинтестинални тегоби.

Тој апелира граѓаните да пијат течности и да внесуваат витамини преку свежа храна.

Инаку метеоролозите повторно прогнозираат променливо време. Викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи и благ пораст.

Зоран Димовски