Патот на путерот, кој заврши на „Дрисла“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 2:25 PM

Патот на путерот, кој заврши на „Дрисла“

Денеска на јавната градска депонија „Дрисла“ беа уништени 4,5 тони, односно 4325 килограми не безбеден путер со изминат рок која го увезла млекарницата „Евро Млекара ДОЕЛ Скопје“.

Како што информираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски, станува збор за количина која во рамките на двонеделната инспекциска контрола беше запленета од страна на официјален инспкетор на АХВ како дел од 20 тонски увоз на путер од страна на компанијата за која со контролите утврдено е дека манипулирала со документацијата за увоз и складирање на производот, со рокот на употреба, која путерот го чувала во неодобрени објекти, ладилници наменети за храна од животинско потекло.

„Во приложената документација од двонеделните контроли, утврдено е дека манипулација се правела и со потеклото на овој производ и со излезните фактури, каде се наведувало дека производот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност наведените количини подоцна од раководните лица од млекарата било потврдено дека не се дистрибуирани, туку дека се складирани во млекарницата. Исто така операторот „Евро Млекара ДОЕЛ Скопје“  не е одобрен за солење на путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер. Увезениот свеж путер мора да се продава како свеж, но не смее да се замрзнува по складови и ладилници на -18 степени Целзиусови“, рече Бабовски.

Контролите во коморите за готов производ на млекарницата започнале на почетокот на месецот откако претходно била вратена од промет една канта солен путер без декларација од 5 килограми. Со контрола пронајдени биле вкупно 17 канти, со по 5 килограми солен путер сите без декларација.

„Донесено е решение со кое путерот е прогласен за небезбедна храна и на операторот му е наложено истите да ги уништи на јавана депонија што е направено од нивна страна веднаш. Од спроведената контрола наследливост на путерот првично е утврдено дека станува збор за увоз од Република Германија, но од декларациите е констатирано е дека има различни датуми на производство и различни датуми на рок на траење на истиот производ. Со дополнитела контрола утврдена е манипулација со излезните факутри со кои е утврдено е дека се дистрибуираат канти со путер од дваесет и пет, а не од 5 килограми. Поради ова од страна на професионален ветеринар издадено е решение за итно повикување и повлекување блоковите путер и нареедено е веднаш да се блокира продажбата на путерот и истиот да се врати во млекарницата“, рече Бабовски.

Млекарницата сторил прекршок на операторот и изречена му е глоба од 1500 евра во денарска против вредност, согласно член 32 од Законот за безбедност на храна. Односно поради немање соодветна процедура за следливост. Висината на глобата е одмерена согласно Законот за прекршоци.

„На ден 11.03, утврдено е дека доставената документација за увоз на путерот се разликува од првично доставената документција, односно дека путерот е увезен од Република Турција, а не од Германија. Несофпаѓањето утврдени е и во датумот на производство и рокот на употреба на производот. Со манипулација со излезните фактури утврдено е дека од седумте излезни фактури, една е фиктивна. Односно количината наведена воопшто, во оваа факртура не е пласирана кај оператор за храна во Струга. Сто шеесет и осум блока путер, од по двасет и пет килограми биле сместени во објект во Гостивар. При детална контрола на фактурите констатирано е софпаѓање на вкупната килажа со вкупно увезената количина од двасет илјади килограми на путер. На 13.03.2021 овие количини путер вратени се во млекарницата „Евро Млекара ДОЕЛ Скопје“ при што при истоварот утврдено е дека на кутиите се гледа дека првичните декларации се одлепени и се ставени нови декларации кои не се комплетни, а со кои е продолжен рокот на употреба на путерот до 25.06.2021 година. А на една од кутиите, односно палетите залепен бил лист на кој пишувало : „Путер Суташ 23.10.20 -та“. Целокупната вратена количина била во замрзната форма, односно замрзнат путер. А бидејќи надлежните од млекарницата не дале информација за тоа каде и како е замрзнат путерот, овие количини се поништени денеска како небезбедни“, вели Бабовски.


Тој најави дека контролите од страна на АХВ продолжуваат и во наредниот период на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници што се продаваат на македонскиот пазар.

Легално е увезен двасет илјади килограми путер, небезбеден 4325 килограми кој денеска беше уништен на „Дрисла“, тоа е дел на кој што тие двасет илјади килограми го поминал рокот, увозот е направен во 11 ти месец 2018 година. Рокот бил 6 месеци доколку се одржува на температура на 4 степени Целзиусови. Увезен е како свеж путер и како таков требало да се пушти во продажба, никако во друга форма, бидејќи млекарницата не е регистрирана за солење на путерот или други операции.

Г.Д