Вистински кошмар доживеала кочанка, на која во домот во сред бел ден, и влегол крадец. Тој со употреба на физичка сила и одзел мобилен телефон и платежна картичка. Полицијата го пронашла и го уапсила крадецот.
„На 14.03.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани од слобода го лишиле Е.М.(32) од Кочани затоа што околу 15.20 часот во домот на 47 – годишна жена нa ул.„Поп Арсов Блаже“ во Кочани со употреба на физичка сила и одзел мобилен телефон и платежна картичка. Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети,“ информираат од Полицијата.
По целосно документирање на случајот против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Непријатна случка доживеал и штипјанец кој одејќи си по улица, физички бил нападнат од едно лице кое што со употреба на сила сакал да му го одземе паричникот. За среќа крадецот не успел во својата намера.
„На 14.03.2021 во 12.52 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 12.45 часот 69 – годишен маж на ул.„Широк дол“ во Штип бил физички нападнат од едно лице, кое се обидело да му го одземе паричникот, но не успеало,“информираат од штипската Полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.