За време на натпреварот помежу ПСЖ и Нант во домот на аргентискиот фудбалер Анхел Ди Марија каде што се наоѓале неговите деца и сопругата, се одвивал насилен грабеж и во еден момент тие биле држени како заложници.
Затоа крилниот фудбалер на францускиот тим во 62. минута мораше да го напушти теренот. Спортскиот директор на тимот, Леонардо му подвикна на тренерот Маурисио Покетино веднаш да го извади Ди Марија за да му кажат каква драма се случува во неговиот дом. Ди Марија беше заменет со Леандро Паредес и расплакан и бесен веднаш замина во својот дом.
Според француските медиуми грабежот бил насилен и бил изваден сефот полн со накит вреден околу 500.000 евра, но се претпоставува дека неговите жена и деца се сепак добро.
Слична ситуација му се случила и на соиграчот Маркињос чии родители биле дома кога му била ограбена куќата, а подебелиот крај при грабежот го извлекол неговиот татко кој ги претепан од крадците.
Ова често се повторува во Париз и тоа во елитни населби каде што живеат фудбалери. Претходно жртви на крадците беа Тиаго Силва, Чупо Мотинг и Серхио Рико, фудбалери кои настапуваа за ПСЖ.