„Пандемијата завршува оваа пролет“ – Хрватски научник изненади со својата изјава – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 11:55 AM

„Пандемијата завршува оваа пролет“ – Хрватски научник изненади со својата изјава

Хрватскиот научник Гордан Лаук верува дека пандемијата ќе заврши оваа пролет.

Научникот Гордан Лаук  кој го започна проектот „Пандемичен реализам“, е меѓу ретките што се спротиставува на остри мерки во борбата против пандемијата, поради што тој често е критикуван од колегите научници.

– Јас и понатаму сметам дека крајот на пандемијата е оваа пролет, а фактот дека имаме во Хрватска мало зголемување на бројот на заразени не значи дека пандемијата не завршува – рече Лаук, додавајќи дека бројот на хоспитализирани, стари лица заразени и мртви не го следи бројот на ново заразени.

-Тоа покажува дека во голема мера ја ставивме под контрола пандемијата, рече Лаук.

Зборувајќи за вакцинацијата во Храцка Лауц рече дека е подобро да изберат некои други вакцини, но дека тој не можел ни да го знае тоа за време на нарачката.

На прашањето дали хрватската влада погрешила што и поверува на фармацевтската компанија дека има залихи, а всушност ги нема, Лаук рече дека не може да знае за што е договорено, но се чини дека соопштената информација е лажна и измамена, покрај хрватската и други бројни влади.

 

Извор: Информер.рс