Министерката Шекеринска очекува на утрешната владина седница да се дискутира за вакцините преку КОВАКС механизмот – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 11:33 AM

Министерката Шекеринска очекува на утрешната владина седница да се дискутира за вакцините преку КОВАКС механизмот

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани со добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот.

„Се’ додека не добијат информации и владините министри, за сите овие прашања треба да се комуницира со институциите задолжени за тоа“, изјави денеска Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел” во скопската касарна „Гоце Делчев”.

-Немам понови информации од она што е познато во јавноста. Знам уште од претходно дека сите услови кои се побааруваа во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални разговори околу користење на мехнизмот бевме посочени како држава која ги исполнува условите – додаде кусо министерката.

 

Фото:    Архива