Истражувања: Наскоро вакцина против корона во облик на спреј – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/21 11:11 AM

Истражувања: Наскоро вакцина против корона во облик на спреј

Неколку научни тимови во светот работат на развој на вакцина против Ковид-19 во вид на спреј. Повеќето вакцини што сега се во употреба во земјите што ги добија се даваат со инјекции, меѓутоа научниците сметаат дека за распираторни вируси многу повеќе би имало смисла имунитетот да се гради во првата точка на контактот со телото, до кој доаѓа во слузницата на носот, устата и респираторниот тракт.

Стручњаците од Медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам рекоа дека вакцините против коронавирус што се користат во моментот штитат против тешки облици на коронавиросот, но секогаш не ја спречувале трансимсијата на вирусот. Вакцините што би се давале преку носот, би можеле подобро да штитат, иако остаува да се види дали ќе може да се појават на пазарот до крајот на годинава.

Тимот направил вакцина што се дава преку носот и која го блокира влегувањето на вирусот во ќелиите, а спрејот бил испитан на животни кои можат да заболат од коронавирус како и луѓето, пренесува сараевски „Дневни аваз“.