Принцот Вилијам ќе има повеќе корист отколку Хари кога нивниот татко, принцот Чарлс ќе ја презеде улогата која во моментов ја врши неговата мајка Елизабета, но затоа прабабата се погрижила секој да биде добро ситуиран за да не почне да го распродава семејното богатство.
Наследникот и бившиот наследник (Хари се одрече од својата титула) на неколку вековната монархија се финансиски осигурани благодарение на наследството од прабата им. Но, мајката на кралицата Елизабета од 18 милиони долари колку што им ги оставила, повеќе одвоила за Хари отколку за Вилијам и од оваа одлука британските медиуми заклучија кој и бил омилен правнук.
Според Би-Би-Си, најголемиот дел од парите му припаднале на принцот Хари затоа што Вилијам ќе има поголема финансиска корист кога ќе стане крал, односно ќе има поголема корист и кога неговиот татко ќе ја наследи кралицата.
Кога принцот Чарлс ќе седне на тронот, Вилијам од него го презема приватниот имот, војводството Корнвол, што вреди повеќе од тоа што му го остави прабаба му.
Според британските медиуми, принцот Чарлс на недвижнини годишно заработува 20 милиони фунти.
извор: 24sata.hr
фото: Cosmopolitan.com