(Видео) „Јутро је“ на Ибраимовиќ трешти на радијата во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/21 7:34 PM

(Видео) „Јутро је“ на Ибраимовиќ трешти на радијата во Италија

Фолк-ѕвездата Нада Топчагиќ на својот профил на Фејсбук објави видео од нејзин пријател кој ја слуша песната “Јутро је“ на италијанско радио.

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ со песната „Јутро је“ направи спектакл на Сан Ремо кога се појави со тактот на популарната песна.

Песната се најде на многу радио станици во Италија, а доказ за тоа е видеото од нејзин пријател кој забележал се додека се возел низ Милано.

„Најпопуларната радио станица во Милан и меѓу најпопуларните во Италија. Човекот го снимил ова додека одел на работа“, напишала Нада.