Зошто мажите праќаат слики од пенисот – Ново истражување за мажи кои си го сликаат половиот орган – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/21 2:27 PM

Зошто мажите праќаат слики од пенисот – Ново истражување за мажи кои си го сликаат половиот орган

Ново истражување открива дека постојат само два видат мажи кои на жените им испраќаат фотографии од својот полов орган. Првиот вид се нарцисоидни и сексистички мажи, а вторите се буквално „будали“.

Од 1087 мажи кои учествувале во анализата, 47% од нив признале дека претходно на жените им испраќање слики од своите гениталии, се вели во студијата на The Journal of Sex Research (Дневник за сексуални истражувања).

Авторите на студијата користеле разни прашалници за процена на карактерот на учесниците и откриле дека мажите кои го сликале својот “алат“ пријавиле пројавиле високо ниво на нарцизам, како и непријателски сексизам.

Кога ги прашале зошто тоа го направиле, 15 посто од нив рекле дека сакале да предизвикаат страв кај примателот на фотографијата, а 8% од нив тоа го направиле надевајќи се дека ќе предизвикаат чуство на срам. Освен тоа, бројни учесници признале дека тоа го направиле поради сексизам и контрола, а некои признале дека праќањето такви слики им дава чувство на контрола над личноста на која ја праќаат.

Утврдено е дека испраќачите имаат тотално крив поглед на тоа затоа што најголемиот дел од нив верувале дека овие слики ќе предизвикаат позитивни чувства кај жените.

82 проценти од мажите рекле дека испраќале фотографии од пенис за да ги возбудат жените сексуално, а 50% од нив се надевале дека поради сликите со нивниот пенис жената ќе се чувствува привлечно.

Речиси 45% од мажите мислеле дека за возврат ќе добијат слика со женски гениталии, голем дел од нив очекувале дека ќе добијат секси фотографии, а некои оптимисти тврделе дека на тој начин можеле да добијат повеќе секс со различни жени.

На изненадување на сите, помалку од една петина од нив рекле дека сликите ги пратиле поради сопствено сексуално задоволство.

Може да се заклучи дека најголемиот дел од мажите кои се впуштаат во ова едноставно не му веруваат на своето лице и сметаат дека нивниот пенис има поголеми шанси од нив, пишува ИФЛ Сајенс.

Извор: 24sata.hr

фото: Iflscience.com