Клише или не, годините за Горан Пандев се навистина само бројка. Македонскиот репрезентативен капитен ита кон стоттиот погодок во најдобрата италијанска фубдбалска лига. Овојпат „жртва“ беше аргентинскиот чувар на мрежата Хуан Мусо.
На последниот дуел од саботната програма во Сериа А помеѓу екипите на Џенова и Удинезе, Пандев го отвори резултатот во осмата минута по додавањето на Кевин Стротман. Некогашниот играч на Лацио, Наполи и Интер ја прими во негов стил топката во петерецот, одлично ја исконтролира и свртувајќи се успеа да се запише во листата на стрелците.
Судијата првично го поништи погодокот, но по консултација со ВАР-системот тој беше признаен.
— Влатко (@Vlatkovski) March 13, 2021
По првите 45 минути, резултатот на „Луиџи Ферарис“ е 1:1. Родриго Де Пол од белата точка израмни за црно-белите во 30-тата минута.