Министерот за труд на Палестина, Насри Ебу Џејш, се здоби со лесни повреди за време на интервенцијата на израелските војници врз демонстрациите одржани против еврејските населени единици што се градат во окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нашиот министер се здоби со лесни повреди на ногата поради звучната бомба фрлена од страна на израелските окупаторски сили“, рече во изјавата за АА Наср Ебу Џејш, активист што врши активности против еврејските населени единици во градот Наблус, кој воедно е и брат на министерот Насри.
Тој нагласи дека Насри исто така бил удрен и со кундакот од оружјето од страна на израелските војници за време на демонстрациите одржани во подрачјето на Бејт Деџен.
Тој рече дека палестинскиот министер е пренесен во болницата „Рафидија“ во Наблус, а по лекувањето бил отпуштен од болница.
Министерот Насри како и палестинските власти сè уште не дадоа изјава во врска со случајот.