(ВИДЕО) Одмаздата е слатка: Кога ќе постигнеш погодок и ќе го прославиш пред очите на поранешниот тренер – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/21 9:21 PM

(ВИДЕО) Одмаздата е слатка: Кога ќе постигнеш погодок и ќе го прославиш пред очите на поранешниот тренер

„Одмаздата се сервира ладна“, поговорка погодна за да се опише денешната ситуација од нисколигашкиот дуел помеѓу Морекамб и Њупорт.

Фудбалерот на Њупорт, Кевин Елисон, постигна погодок за 1:3 и победа на својот тим на гостувањето против неговиот поранешен клуб, а голот го прослави на неконвенционален начин.

Елисон ги рашири рацете и се упати кон клупата на опонентот, токму пред лицето на неговиот екс-тренер. Причина за таквото славје? Стратегот на Морекамб го казнил и натерал Елисон да тренира сам и исклучен од првиот тим. Третманот Елисон не го заборавил и одвај го дочека моментот на повторно соочување со „стариот добар пријател“.

 

Магијата на фудбалот од пониските дивизии.

 

 

 

Фото:

southwalesargus.co.uk