Шеснаесет постигнати погодоци и дури 66 примени по 25 одиграни натпревари во Бундеслигата. Судбината на Шалке 04 е „Цвајте“, а десетте освоени бодови и 18-тото последно место на табелата претставуваат најлошиот скор на екипата од Гелзенкирхен во својата историја.
Мизеријата на доскорашните учесници во Лигата на Шампионите продолжи и денес, откако „пукна петарда“ на гостувањето во Волфсбург. Резултатот за домаќините го отвори противничкиот играч, дефанзивецот на Шалке, Шкодран Мустафи. Поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, несмасно со глава ја погоди мрежата на Фредерик Роноу и се врати повторно на „старите добри навики“.
— unfortunate football moments (@unluckyfootie) March 13, 2021
Мустафи се „фати за глава“ – реакцијата на сите навивачи на Шалке 04 во тој момент. Или, автоголот на Мустафи е олицетворение на целокупната сезона на „рударите“ во Бундеслигата во 2020/21 година.
Фото:
goal.com