Смртта на Афроамериканецот по име Џејкоб Блејк во американската држава Висконсин во август минатата година, ги разниша столбовите на американското општество и предизвика масовни протести на движењето „Black Lives Matter“ во земјата и надвор од неа.
Расизмот како проблем на глобално ниво беше препознаен во различни сфери, па така и приближно сите спортски настани изминатата година, но и оваа, започнуваа со „клекнување на колена и стисната тупаница во воздух“. Премиер Лигата инстанто ја презеде оваа иницијатива и прва започна со практикување на оваа кампања и испраќање порака.
Но, некои спортисти и фудбалери, по извесно време негодуваа поради ваквиот начин на искажување поддршка, велејќи дека проблемот се банализира и е подлабок одошто се мисли и може да се манифестира на еден фудбалски натпревар.
Еден од нив е и фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Вилфред Заха, кој денес не го направи вообичаениот гест и остана цврсто на нозе пред почетокот на дуелот со ВБА. За него не е важно дали ќе се клекне на центарот на теренот или не, бидејќи секако расистичките напади ќе продолжат, дали на трибините или на интернет просторот.
-Сметам дека клекнувањето пред почетокот на секој меч веќе е рутина и во моментов не е важно дали некој ќе стои на нозе или ќе клекне, бидејќи некои од нас секојдневно се малтретирани ионака. Ние треба да поттикнеме и да се избориме за подоборо образование во училиштата, а социјалните мрежи и нивните раководни лица треба и мора да преземат посилни мерки против луѓето кои малтретираат други луѓе онлајн, изјави Заха.
Кристал Палас се врати на победнички патеки и го порази веќепрежалениот Вест Бромвич Албион со 1:0. Лука Миливојевиќ од белата точка ги донесе трите бода за екипата на Рој Хоџсон.
Фото:
Тwitter / @ESPNFC