Вкупно 589 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата, слободни околу 400 кревети – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/21 3:55 PM

Вкупно 589 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата, слободни околу 400 кревети

Вкупно 589 пациенти позитивни или суспектни на корона вирусот се лекуваат во ковид центрите во болниците низ државата, покажуваат податоците од Министерството за здравство за изминатите 24 часа.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, а во болницата во Штип 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.