(Вознемирувачки фотографии) Возачот на Брза помош и ковид пациент повредени во сообраќајката кај Крупиште – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/21 1:57 PM

(Вознемирувачки фотографии) Возачот на Брза помош и ковид пациент повредени во сообраќајката кај Крупиште

Амбулантното возило кое утрово учествуваше во сообраќајната несреќа која се случи кај Крупиште, превезувало ковид пациент.

 

Во сообраќајката повредени се возачот на возилото и пациентот, кои веднаш биле префрлени во штипската болница. Од таму се препратени на Трауматологија во Скопје, каде што им се констатирани фрактури, а едниот има и повредена глава.

Како што претходно информиравме сообраќајката се случи во 09:50 часот кај Крупиште на патот Штип – Кочани при директен судир помеѓу амбулатното возило и камион Кипер.

Фото: Пожарна Пробиштип