Вчера за Ајакс постигна гол против Јанг Бојс, денес потпиша за Лајпциг – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 8:57 PM

Вчера за Ајакс постигна гол против Јанг Бојс, денес потпиша за Лајпциг

Холандскиот напаѓач вчера во првиот осминафинален дуел во Европа Лига помеѓу Ајакс и Јанг Бојс, влезе во игра во 82-та минута на местото на Давид Нерес и постигна погодок за победа од 3:0

Денес младиот играч од навалната линија, Брајан Броби, потпиша четиригодишен договор со германскиот клуб Лајпциг. Броби на истокот на Германија ќе се пресели по завршувањето на оваа сезона.

Спортскиот директор на Лајпциг, Маркус Кроше, изјави дека е многу задоволен од оваа аквизиција и дека Броби е перфектен профил на играч за проектот на Лајпциг и Нагелсман.

-Како млад, разновиден и одлучен играч, Брајан Броби одлично одговара на профилот на играч на Лајпциг. Тој со Ајакс покажа дека и на тие години може да игра на големата сцена, изјави Кроше за клупскиот официјален веб-сајт.

Лајпциг не мирува и уште отсега го склопува тимот за следната натпреварувачка кампања. Покрај Броби, еден од најголемите хрватски таленти, дефанзивецот Јошко Гвардиол, замена ќе биде за Дајот Упамекано во првиот состав на ланскиот полуфиналист во Лигата на Шампионите.

 

 

Фото:

cbssport.com