Турција планира да купи дополнителни 50 милиони дози од кинеската вакцина – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 8:20 PM

Турција планира да купи дополнителни 50 милиони дози од кинеската вакцина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција од Кина може да добие втора пратка со 50 милиони дози од вакцината против Ковид-19, доколку земјите постигнат договор, јавува агенцијата Анадолија (АА).

„Можно е да пристигне втора пратка од Кина. Доколку се согласиме за ова прашање, ќе можеме да купиме додатни 50 милиони дози од вакцината од Кина“, изјави денеска Ердоган.

Во врска со ограничувањата и мерките преземени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, Ердоган изјави: „Флуктуирачкото однесување на соевите на Ковид-19 ни го отежнува донесувањето на одлуки“.

Во врска со купувањето на вакцините Ердоган изјави дека договорите на Турција со Кина и Германија се во тек, додавајќи дека исто така во тек се и преговори со Русија за постигнување на договор.

Досега во Турција се администрирани над 10,55 милиони дози од вакцината, а 7,83 милиони лица ја имаат примено првата доза, додека над 2,72 милиони ја имаат примено втората доза на вакцината. Турција со својата кампања за масовна вакцинација започна на 14 јануари.