Македонскиот репрезентативец во 2017 година од Ујпешт во Леванте пристигна тивко и „на мала врата“.
Помалиот клуб од Валенсија на Унгарците им исплати околу 1.5 милиони евра за неговиот трансфер, од оваа перспектива и на овој пазар – смешен износ. Енис Барди низ годините беше инструментален фудбалер и контрибуираше во голема мера во етаблирањето и стабилизирањето на Леванте во силната Примера.
Дваесет и петгодишникот сезоната ја започна со повреда, но веднаш по враќањето на терените се најде во статистиката со голови и асистенти. Неодамна го „сруши“ потенцијалниот првак Атлетико Мадрид и со тоа привлече внимание од клубовите низ Европа кои наводно се заинтересирани за неговите услуги.
🐸 @enisbardhi10, valencià de Skopje 🔥
El macedonio 🇲🇰 nos muestra su apego por ‘La Terreta’ en la semana del derbi #LevanteValencia#OrgullGranota 🔵🔴 pic.twitter.com/lbstLiSJzt
— Levante UD 🐸 (@LevanteUD) March 11, 2021
Придонесот на Барди во Леванте не останува незабележан, како од фановите, така и од самиот клуб. На официјалниот „Твитер“ профил на Леванте, непосредно пред дербито против градскиот ривал Валенсија кое треба да се одигра денес, осамна видео-материјал за македонскиот фудбалер наречен „Валенсија-Скопје“. Барди искрено зборува за градот, временските услови, адаптацијата во новата средина, убавите плажи.
-Многу ми е убаво, јас се чувствувам како „валенсијано“. Овде сум четири години и баш ми е убаво. Животот овде е многу добар, времето е убаво, градот како таков, плажите, сите обележја на градот Валенсија. Ќе се посветиме максимално на дербито против Валенсија на домашен терен, тоа ни е многу важнo, изјави Барди.
Со победа Леванте би можел да се искачи на осмата позиција на табелата и да се оддалечи од својот ривал на плус пет бодови.
Фото:
еurofootballrumours.com