Повик за вакцинирање откри тело на почината жена пред 12 години, сопругот лажел дека е во странство – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 6:53 PM

Повик за вакцинирање откри тело на почината жена пред 12 години, сопругот лажел дека е во странство

Тело на жена случајно е откриено во нејзината куќа во шкотскиот град Абердин, а полицијата смета дека таа починала пред 12 години.

Кристин Малеј сега би имала 80 години, а нејзиното тело е откриено поради повик за нејзино вакцинирање против коронавирусот. Според полициското соопшение, жената не одговарала на повикот за вакцинирање. Здравствените работници побарале да ја посетат дома, во куќата, но нејзиниот сопруг им рекол дека е во странство, пишува „Феникс магазин“, а пренесува „Вечерњи лист“.

Потоа полицијата ја пребарала куќата и го пронашла нејзиното безживотно тело. Се смета дека починала уште во 2009 година. Истрагата е уште во тек.

Првата сосетка на Кристин рекла дека последен пат ја видела во 2008 година.