Рајо Ваљекано – гордост и достоинство – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 7:00 PM

Рајо Ваљекано – гордост и достоинство

Навивачите на Рајо Ваљекано велат дека се трети мадридски клуб, ма да ова сиромашно предградие би можело да го загуби тој епитет после успесите на Хетафе.

„Пчелите“ се основани во 1924 година, на почетокот на векот се наоѓале дури и во првата половина на табелата, па во тие славни денови стигнале и до 1/4 финалето од Купот на УЕФА. Но во Ваљекас тие среќни денови кратко траат. Веднаш потоа Рајо „се лизга“ во Сегунда, ама оптимизмот не е нарушен.

Во Ваљекас тешко дека ќе пронајдете навивачи на Реал или Атлетико, но и надвор од квартот нема никој што би навивал за Рајо. Тие се херои на работничката класа, дури постои и книга за тоа, круговите на општеството од кои се регрутираат и солидарноста на клубот e над сè.

Како тоа изгледа во пракса?

Рајо ќе го преземе кредитот на една баба од предградието која поради синот влегува во долгови со кредити и нејзиниот станбен статус се доведува до прашање. Рајо ќе собира пари на стадион за своите болни членови, а секој обид да се продаде било каков фашизам ќе заврши со насилство. Бидејќи на својот анти-фашизам тие се најгорди и никогаш не потклекнале под диктаторот Франко.

Се сеќавате веројатно кога украинскиот напаѓач Роман Зозулија потпиша за клубот, но кога се погледна неговиот профил, навивачите сфатија дека се работи за докажан „десничар“ и „нео-нацист“ и веднаш се заканија со бојкот доколку Украинецот зачекори на теренот.

Ваљекас е познат по заедничката поддршка на комунистите и радикалните „левичари“. Рајо секогаш се борел против неправда. Нивниот поранешен сопственик Хозе Марија Руиз Матеос на трибините се појавуваше облечен како Супермен. Се закануваше дека ќе го повика Кларк Кент за да се избори против власта која и него и Рајо ги носат кон банкрот. Подоцна неговата сопруга Тереза го презема клубот.

Слоганот на навивачите е „Храброст и достоинство“, тие не се грижат во која лига им игра клубот, дури и кога Рајо „падна“ во трета бараат само едно – борба за клубот што не е обичен. Нивната трибина „Вили Агбоавбаре“ именувана по нигерискиот голман кој почина во 2015 година, сведок е на многу анти-расистички перформанси и акции кои имаат за цел да помогнат на социјално ранливите категории.

Ваљекас од 1950 година е дел од Мадрид, пред тоа бил дел за себе кои се состоел од Пунете Ваљекас и Виља де Ваљекас, југоисточно од Мадрид. Во прашање се социјални згради преполни со сиромашни имигранти од останатите делови на Шпанија, но и од афричките земји.

Рајо имаше проблем со претседателот Прес кој ја подигна цената на билетите. „Буканеросите“, навивачите на тимот, ги пресекоа каблите во 2013 година и оневозможија играње против Реал Мадрид. Претседателот тој чин го нарече тероризам затоа што целиот стадион остана во мрак. „Буканеросите“ не презедоа одговорност, но се зборувало дека тие сакале да им покажат на Флорентино Перез и својот сопственик кој е „газда“ во Ваљекас.

По враќањето од трета лига на крајот на минатата деценија, Рајо се стабилизираше, пет години беа помеѓу елитата, промовираа многу играчи како Мичу, легендарниот Трасорас, своевремено и Диего Коста играше за клубот, како и Бебе, некогашниот играч на Манчестер Јунајтед.

Пред три сезони се вратија во Примера и веќе следната испаднаа. Минатата пак, не успеаа да се искачат од Сегунда во првата шпанска фудбалска лига.

Рајо тешко дека директно ќе се избори за промоција во Примера, целта пред оваа сезона била топ 6, а во моментов тие се наоѓаат на последното место кое води до баражот. Бебе и понатаму е во клубот, синот на Зинедин Зидан, Лука, ја чува мрежата, а покрај нив во клубот е и Марио Суарез, екс-играчот на Атлетико Мадрид и Фиорентина.  Капитенот Трехо и неговиот „земјак“ и освојувач на титулата во Премиер Лигата со Лестер, Леонардо Уљоа, го носат „светиот“ дрес.

Познатото име на клупата на Рајо е легендарниот бек на Атлетик Билбао, Ираола, кој после 12 години на „Сан Мамеш“ ја заврши играчката кариера во Њу Јорк Сити во МЛС лигата.

 

 

 

 

Фото:

unionrayo.es

as.com

Извор:

sportske.net