Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ги истакна своите очекувања во продолжението на сезоната.
Тој зборуваше за шансите за врзување на два трофеја на Грен слем турнирите, а го следи и Ролан Гарос, каде неговиот најголем ривал Рафаел Надал е неприкосновен.
-Имам проблем на Ролан Гарос и се вика Рафаела Надал. Но, ќе се обидам да го освојам трофејот”, изјави Ѓоковиќ за француските медиуми.
По Робин Содерлинг, Ѓоковиќ е единствениот играч кој го совлада Надал на Ролан Гарос.
Шпанецот има дури 13 титули на ова место.
– Ако имате совет како да го победам, немојте да се двоумите. Мораш да бидеш физички и психички на врвот ако сакате да го победите. Јас го направив тоа еднаш, но изгубив многу, многу често. Мислам дека тоа е најголемиот предизвик денес во тенисот. Обожавам предизвици и ќе дадам се од себе да го победам “, додаде Новак.
Сезоната во белиот спорт започнува следниот месец, а Ролан Гарос е на програмата од 23 мај до 6 јуни.
Извор и фото: Курир.рс