„По седум дена по ревакцината се чувствував болно“ – Јована Јоксимовиќ се вакцинираше од Ковид – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/21 11:24 AM

„По седум дена по ревакцината се чувствував болно“ – Јована Јоксимовиќ се вакцинираше од Ковид

Уредничката и водителката на утринската програма на „К1 ТВ“, Јована Јоксимовиќ во јануари ја прими првата доза од вакцините на Фајзер.

По примањето на втората фаза, нејзиното ниво на IgG антитела изнесува 39,56. Во разговорот за Блиц.рс, Јована објаснува зошто одлучила да ја прими вакцината , како и зошто ја одбрала вакцината на американската мултинационална фармацевска индустрија.

– Сакав да се вакцинирам. Инсистирав на тоа. Сакав тоа да го направам уште од оној момент кога вакцината беше достапна во нашата држава. Прво да ви кажам бев нестрплива кога беше овозможено на нас новинарите да ја примиме. За среќа, бевме меѓу првите, бидејќи новинарите спаѓаат во приоритетна група. Имав привилегија да ја примам првата доза уште во јануари – објаснува убавата водителка.

– Добив „Фајзер“. Затоа што во разговорите со ескперите и луѓето кои знаат повеќе отколку јас, заклучив дека станува збор за вакцина која е произведена по некои нови технологии. Многу е достапно во јавноста да ги погледнете сите истражувања на тема на вакцините и многу има кажано што тоа е многу добро. Сфатив дека е транспарентна приказната околу вакцините и дека алергиски реакции кои во некои случаеви се јавуваат се многу мали. Речиси и да не постои. И тоа ми беше важно порачува Јована Јоксимовиќ која објаснува дека по ревакцината почувствувала одредени симптоми.

– По првата доза на вакцината немав никаква реакција, освен што малку ме болеше левата рака поточно местот од убодот од иглата. Меѓутоа, по втората доза, имав зголемување на температурата, ми течеше носот, кашлав. Траеше седум дена, се чувствував болно. После тоа се беше нормално. Тоа што е важно, седум дена по ревакцината отидов да ги проверам антителата и имав 35. И овој резулатат кој ви го испратив е три ипол недели од вакцината, што значи дека нивото на антитела многу ми пораснало. Драго ми е што со исптувањето дошло до тоа да со првата доза на Фајзер доволно ве штити и ви расте нивото на антителата. Кога повторо би требало да се вакцинирам, повторно би ја одбрала вакцината на Фајзер, искена била Јована.

 

Извор : Блиц.рс

Фото: Инстаграм