Времето утре, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен во западните делови западен, а во источните јужен ветер. Утринските температури од минус седум до нула, а дневните од четири до 14 степени.
В сабота во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Под влијание на влажен бран в недела кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и в понеделник, кога ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.