Принцот Вилијам за првпат присуствуваше на јавен настан откако неговиот брат, принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл во интервју го обвинија кралското семејство за расизам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Принцот Вилијам, заедно со сопругата Кејт Мидлтон посети едно училиште во Лондон. При посетата беше прашан дали кралското семејство е расистичко семејство.
Вилијам на прашањето одговори: „Дефинитивно, не сме расистичко семејство.“
Принцот Вилијам исто така истакна дека по интервјуто не разговарал со својот брат Хари и дека планира да го стори тоа.
– Тврдењата на двојката –
Во интервјуто емитувано на американската телевизија „Си-би-ес“ (CBS), Меган Меркл, чија мајка е Афроамериканка, а татко белец, осврнувајќи се на периодот на бременоста, рече:
„Кога бев бремена, тие не сакаа моето бебе да биде принц или принцеза. Рекоа дека на моето бебе нема да му се даде обезбедување. Кога се роди мојот син, зборуваа за тоа колку ќе биде темна бојата на неговата кожа и беа загрижени за тоа.“