Федерер загуби во Доха – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/21 8:43 PM

Федерер загуби во Доха

После повеќе од една година пауза, поточно по поразот од Новак Ѓоковиќ на минатогодишниот „Аустралијан Опен“, еден од најдобрите светски тенисери Рожер Федерер вчера се врати на терените.

Во Доха успеа да го порази Британецот, Даниел Еванс и да се врати на победнички патеки. Сепак, денес Грузиецот, Николоза Бализашвили не му дозволи на триесет и девегодишниот ас да врзе серија на победи и да стигне до завршницата на турнирот во Катар.

Федерер одлично го отвори дуелот и го освои првиот сет со 6:3, но не издржа и по пресврт (1:6, 5:7) ја загуби четвртфиналната борба.

 

 

 

Фото

еurosport.com